Простак вози Мерцедес и мисли дека светот е негов – а кармата е брза кучка (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Типот во скапиот Мерцедес, мислејќи дека може да биде фраер и да ги зезне сообраќајните правила и прописи за возење, решава да скршне од лентата за сообраќај со автомобили и преку велоиспедската патека да избегне сигнализација и чекање.

Но, на патот му се испречува еден упорен, правичен, непоколеблив и бескомпромисен велосипедист кој одлучува по ниедна цена да не го пушти да помине со прекршување на сообраќајните правила и да си го истера филмот до крај.

Возачов по некое време станува нервозен, па почнува да го подудира со автомобилот велосипедистот, кој еднаш и падна на земја. Дури и излегува да се расправа и веројатно пресметува со „бајкерот“. Но, во близина застануваат други велосипедисти за да интервенираат ако треба.

Е сега, тука на сцена стапува кармата позната како „брза и безмилосна кучка“ која му се удира од глава на „фраерот“ со Мерцедесот. Од зад аголот брзо пристигнува полиција и ги зема работите во свои раце.