Просветниот инспектор Илиевски: „Најголем грев ми било што сум ја кажувал вистината во јавност“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После одржаната средба на второстепената комисија за инспекциски надзор која реши да изрече дисциплински мерки против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, самиот инспектор даде изјава за медиумите и ја коментираше одлуката на комисијата.

„Ова е невиден скандал и криминал“, порача просветниот директор Ѓорѓи Илиевски откако Второстепената комисија за инспекциски надзор одлучи да му изрече дисциплинска мерка поради тоа што констатирал дека министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу незаконски напредувале во академската кариера.

„Најголемиот грев што ми го припишаа е што сум се јавувал кај медиумите и сум ја кажувал вистината во јавноста, за тоа што сум доставил допис до Антикорупциската комисија, за тоа што сум поднел кривична пријава до Јавното обвинителството, за тоа што сум оддржал средби со францускиот и холандскиот амбасадор… Ми велат дека не требало да одам во јавност без дозвола на директорот, а тој ми вика се треба да скриеш, со што би направил кривично дело. Наводно, сум го нарушил етичкиот кодекс и треба јас да одговарам за тоа што некој друг направил криминал“ – изјави Илиевски.

Тој додаде дека после оваа одлука очкува матичната институција да му изрече отказ, но најави дека ќе покрене судска постапка и, како што рече, да ја информира јавноста за сите наводи.