Протест на судската администрација – незадоволни од одлуката на Судскиот буџетски совет


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес во сите судови низ Македонија судската администрација протестираше како знак на незадоволство и револт од одлуките на Судскиот буџетски совет во врска со нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во штрајкот од 2016 година.

„Ова е последна опомена за Судскиот буџетски совет кој е нетранспарентен. Неколку пати, а посебно на последната седница побарав да присуствувам како претседател на синдикатот, но веднаш беше одбиено барањето. Револтот е огромен. Не сакаме да ги спориме ниту платите, ниту додатоците на плата на судиите, туку го спориме нехуманиот однос на оние кои одлучуваат за судската служба затоа што договорот беше додатоци за плата да добијат сите исто во процентуален износ. Во септември беше одредени и судиите и судската администрација да добијат пет проценти додаток на плата, меѓутоа од Судскиот буџетски совет велат дека немаат зголемување на пет проценти на платата како останатата администрација и си доделија уште пет проценти додаток“, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, пренесува Сител.

Според проценките на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација кои го организираа денешниот протест, судиите зеле додаток на плата од 6.000 до 9.000 денари, а судската администрација од 750 до 1.000 денари.

Според Синдикатот, на незаконит начин им се одземени и дел од платите на учесниците во штрајкот од 2016 година.

Од УПОЗ и Здружението на судски службеници бараат да имаат и свој претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба, како и поинаква дефиниција на позицијата на судската служба.

Доколку не наидат на разбирање од страна на Судскиот буџетски совет, најавуваат дека ќе ги искористат сите форми на притисок.