Првата жена-борец во ОВК повикана на распит во Хаг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната паравоена припадничка и прва жена-борец на ОВК, Раимонда Реци, беше повикана на распит во Хаг од страна на Специјализираното обвинителство за воени злосторства.

Таа напиша дека на 4 декември, во телефонски разговор, ѝ било кажано оти ја повикуваат како сведок, иако во поканата не е наведено дали е повикана како сведок или како осомничено лице.

„Немам што да кријам, можеби моите изјави нема да им се допаднат, но јас ќе им одговорам. Горда сум на нашата војна, ние не направивме ништо друго, освен што ги браневме нашите домови“, напиша таа.

Реци, која моментално се наоѓа во САД, е последната во низата поранешни борци на ОВК, повикани на разговор од страна на Специјализираното обвинителство.

Специјализираниот совет и Специјализираното обвинителство на Косово, се дел од судскиот систем на Косово, со седиште во Хаг. Нивна задача е да спроведат истраги и да ги гонат осомничените за злосторства, извршени за време и по војната 1998-2000 година во Косово.

Се очекува, пред овој таканаречен Специјален суд, да бидат обвинети високи личности на ОВК, за наводни злосторства поврзани со убиства, киднапирања, незаконско апсење и сексуално насилство. Досега, во јавноста, обвинителството нема обелоденето дали е поднесено обвинение.

Меѓу оние кои досега се повикани во Хаг, се поранешните команданти на ОВК, Рустем Мустафа и Сами Луштаку, поранешен шеф на воениот суд на ОВК, Сокол Добруна, поранешниот висок член на ОВК, Назиф Мехмети, поранешните членови, Сафет Сула и Сабахајдин Цена, како и поранешниот командант на единица на ОВК, Ремзи Шала, во војната позната како „Црвено јаболко”. разгледан од Врховниот суд, поради, како што наведе, кршење на правото на обвинетиот на фер и непристрасно судење.

Извор: Призма