Спорт

ПСЖ донесе одлука: Го откупува Икарди веднаш!

Раководството на Пари Сент Жермен донесе одлука и сака што поскоро да го откупи договорот на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.

Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ на позајмица од редовите на Интер до крајот на сезоната, а „светците“ имаат право да го откупат за 70 милиони евра.

Икарди е во одлична форма, псотигна 7 голови и запиша асистенција на претходните 7 натпревари во сите натпреварувања и сега медиумите во Франција на големо пишуваат дека ПСЖ ќе ја искористи опцијата за откуп.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „светците“ веќе стапиле во контакт со Интер и сакаат да ја искористат опцијата за откуп уште во јануари.

Оваа опција ја посакуваат исто така Икарди и Интер, бидејќи е јасно дека Аргнетинецот не може да се врати во Милано по серијата скандали.

Advertisements
To Top