Реал го договорил Ван Де Бек, но „кралевите“ ќе го одложат трансферот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандскиот играч за врска Дони Ван Де Бек се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека „кралевите“ сакаат да го доведат Ван Де Бек од Ајакс и дека се во преговори со холандскиот клуб.

Меѓутоа иако се веруваше дека трансферот е договорен Ван Де Бек ова лето изгледа нема да дојде во Мадрид. Реномираната „Марка“ објави дека Реал се одлучил даго одложи овој трансфер.

Имено, Реал наводно постигнал договор за трансфер вреден 55 милиони евра, меѓутоа одлучиле Ван Де Бек да го доведат наредното лето или за шест месеци кога ќе започне зимскиот преоден рок.

Во Реал не се сигурни дека Ван Де Бек ќе има доволно простор за игра и цел им е да му направат простор во средината, но продажбата не им оди баш најдобро. Реал има премногу играчи за врска и јасно дека некој мора да замине.

Извор: Спортски.мк