Реал го сака Погба веднаш, а тоа ќе го чини повеќе од 150 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба вчера предизвика вистинска „бура“ откако јавно призна дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Французинот со таа изјава само ги засили шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

„Марка“ пренесува дека „кралевите“ сакаат да го договорат трансферот до 1-ви јули, кога Зидан го закажа првиот тренинг за новата сезона.

Меѓутоа, без оглед на неговата желба, Манчестер Јунајтед нема намера лесно да го пушти Погба и му постави висока цена.

„Марка“ пренесува дека Реал нема да може да го купи Французинот за сума помала од 150 милиони евра.

Тоа би било нов трансфер рекорд за „кралскиот“ клуб, кој неодамна го претстави најскапото засилување, Еден Азар за кого платија 100 милиони евра.

https://youtu.be/ERvkeXYH-eM