Реал Мадрид ја започна операцијата Погба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повторно започнаа шпекулации за иднината на Пол Погба, а англиските медиуми тврдат дека постојат шанси Французинот да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.

Погба и самиот ги подгреа шпекулациите со изјава дека сонува еден ден да заигра за Реал Мадрид, а познато е дека Зидан и во минатото покажува интерес за неговиот потпис

Сега Зидан после неговото враќање во Реал ќе има одврзани раце кога се трансферите во прашање, па повторно ќе се обиде да го донесе Погба на „Сантиаго Бернабеу“.

Мино Раиола исто така притиска да го пресели својот клиент во друг клуб, а ставот на Манчестер Јунајтед е јасен – нема преговори, тие бараат сума од 200 милиони евра за неговата слобода.

Англиските медиуми пренесуваат дека Реал веќе ја започнал „операцијата Погба“ и испратил првична понуда од 125 милиони евра. Меѓутоа, истата веднаш ќе биде одбиена од страна на „црвените ѓаволи“ кои немаат намера да се разделат со Французинот кој игра фантастично под палката на Солскјер.

Вчера еминентниот „Екип“ излезе со информација дека Зидан ќе располага со буџет од 500 милиони евра, а Погба е на врвот на листата желби заедно со Еден Азар.

Првичната понуда на „кралевите“ од 125 милиони евра е само „опипување на пулсот“ на Манчестер Јунајтед и стартување на „операцијата Погба“.