Реал Мадрид ова лето ќе прави целосна реконструкција на тимот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан ќе добие огромен буџет за засилувања, но и одрвазани раце да формира тим по своја мерка.

На листата на потенцијални засилувања се наоѓаат неколку големи имиња, како Еден Азар, Пол Погба, Кристиан Ериксен…

Шпанските медиуми пренесуваат дека најновата желба на Реал Мадрид е младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Зидан е воодушевен од младиот англиски фудбалер и она што тој може да го направи за само 19 година. Спремен е да го доведе во својот тим, но неговата цена е многу голема.

Борусија за услугите на овој фудбалер бара помеѓу 80 и 100 милиони евра, но „кралевите“ се спремни да започнат преговори.

Доаѓањето на Санчо, заедно со најавениот трансфер на Еден Азар, ќе значи и сигурно заминување од „Сантијаго Бернабеу“ на Марко Асенсио. Шпанскиот репрезентативец сезонава не беше стандарден, а Зидан не гледа на него како на првотимец за наредната сезона.

Сепак, Реал ќе треба да се избори со жестоката конкуренција, пред се со клубовите од Премиер лигата кои се силно заинтересирани за потписот на Санчо.