Регистрирајте се на е-системот за персонален данок на УЈП – еве ја постапката


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рокот за регистрирање на граѓаните на е-системот за персонален данок на УЈП истекува на крајот од месец декември. Поради тоа, ве потсетуваме дека доклку не сте го направиле тоа, треба да го направите што поскоро, за да ја запазите временската рамка.

Првично, треба да се регистрирате на ОВАА АДРЕСА.

Процесот е прилично едноставен. Внесувате податоци: име и презиме, матичен број и имејл. По ова го преземате pdf фајлот го печатите во 2 копии и одите да го однесете во УЈП. Генерално на шалтерите на УЈП не се чека предолго и ќе завршите работа за десетина минути.

По ова ќе треба да почекате неколку дена да ви биде одобрен профилот за воопшто да може да се логирате на страницата на УЈП.

Секако дека никој не сака баш да оди и да завршува бирократска работа, но ветувањето е дека постапката ќе биде само еднаш, а потоа Управата за јавни приходи ќе не известува за данокот. дури и понатамошната комуникација ќе биде електронска!