Рекламата за која зажали Адидас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еуген Мерхер, како 26-годишен студент по режија, пред неколку години ја сними една од највиралните реклами во последнава деценија и кусур. За неполни 15 дена, рекламното видео имаше над 5 милиони прегледи и со брзина на светлината го освои интернетот.

Меѓутоа, во сета оваа сјајна приказна за една од најуспешните реклами на нашето време, постои едно големо НО.

Имено, Мерхер ја направи рекламата со цел да им го привлече вниманието на челните лица во гигантот од светот на производството на спортска опрема, Адидас. За жал, нивната реакција на неговото рекламно видео кое во најголема мера им задираше во нивниот интерес, не беше онаква каква што очекуваше режисерот. Поточно, немаше реакција.

„Им ја испративме на Адидас оваа реклама, но тие не реагираа“, објаснува Мерхер.

Рекламата во траење од 1 минута и 40 секунди ја раскажува приказната за еден германски старец кој некогаш трчал маратони. Својата старост тој ја минува во еден старски дом кој не го сака многу, сè додека еден ден не ги пронајде своите стари „Адидаски“ и ќе одлучи да ја оживее својата младост и ќе замине на трчање.

Што се случува до крајот од видеото ви останува да погледнете сами, ако не сте го гледале или не се сеќавате на оваа одлична реклама.

Видео моментално е една од најкоментираните и најсподелувани реклами, а луѓето од Адидас денес веројатно жалаат што го игнорирале овој рекламен спот.