Ренова последен четвртфиналист во Купот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Ренова е последниот патник во четвртфиналето од македонскиот Куп, откако попладнево одигра 1:1 против Тиквеш.

Првиот меч во Кавадарци заврши со триумф на „гипсарите“ од 2:0, па Ренова имаше лесна задача да ја задржи предноста во реваншот.

Тиквеш дојде до предност со голот на Илиески во 22-та минута, но немаше сили за повеќе, па Ренова израмни при самиот финош со голот на Адеми.

Сега на Ренова и останува да го чека противникот во следната фаза од Купот на Македонија каде претходно пласман обезбедија Шкендија, Академија Пандев, Брегалница, Работнички, Шкупи, Струга ТЛ и Лабуништа.