Ретко кој забележал: Сцена од втората сезона на Game of Thrones го откри крајот на серијата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако после осум сезони, планетарно најпопуларната телевизиска серија во историјата дојде до својот крај, на интернет не престануваат расправите (главно) од незадоволните гледачи на овој епски серијал.

Додека голем број обожаватели со остро око се препираат околу сцените од последната сезона од серијата, еве некои детали кои и на најпосветените следбеници на серијата многу веројатно им се протнале без да ги забележат. Е сега, ако некој кој го чита ова уште го нема гледано финалето на серијата, ред е да предупредиме да не продолжува да чита надолу ако сака да не си го расипе уживањето, задоволството и очекувањето.

1. Визија за крајот

Она што на многумина им се има протнатно, а тоа не е воопшто чудно, имајќи во предвид дека тогаш не бевме упатени во понатамошниот развој на дејството, е дека уште во втората сезоина беше откриено дека кралицата Даенерис може да заврши мртва.

Во десеттата епизода од второто сезонско продолжение на GoT, Даенерис ја посетува Куќата на немртвите и таму доживува визија во која оди до престолната одаја во King’s Landing, а сето околу неа е уништено. Тогаш уште не беше познато дека токму таа ќе бида онаа која ќе го уништи градот, но сцените неодоливо потесетуваат на она што најпосле се случи во последната сезона. Во сцената гледаме како на неа паѓа снег, но во суштина можно е да станува збор и за пепел настаната како последица на запалениот град.

Прилично е впечатливо дека Даенерис успева да му се приближи на престолот, но во ниту еден момент, што на крајот од серијата и ќе се обвистини. После тоа, таа поминува зад Ѕидот и во шаторот се сретнува со Дрого.

„Дали е можно да сум мртва, а уште да не го знам тоа?“, се прашува таа.

2. Мелисандре е само третиот лик кој умира од природна смрт

Game of Thrones како серија е позната по тоа што во нема се нема милост кон ликовите, па нив обично ги снаоѓа прилично насилна смрт, меѓутоа три лика успеаја да доживеат природна смрт: Мелисандре, Хостер Тули и Аемон.

3. Ножот кој требаше да го убие Брана, всушност, му го спаси животот

Ножот со кој Арја го докрајќи Ноќниот крал е истот оној кој платениот убиец го имаше кога се обиде да го убие Брана и така започна големата војна. Во подоцните епизоди ножот се враќа кај Литл Фингр кој му го дава на Брана, а тој го подарува на Арја.

4. Тирион и Брон имаат исти самострели

Самострелот кој Кајборн му го дава на Брон да го убие Тирион е истиот оној со кој Тирион го уби сопствениот татко, а пред тоа му припаѓаше на Џофри.

5. Серијата започнува и завршува со речиси истата сцена

Серијата започнува со сцената во која тројца јавачи излегуваат од зад Ѕидот, а завршува со сцената во која Џон со дивјаците минува низ Ѕидот во истиот правец.

6. Џон јава на змеј кој го добил името според неговиот татко

Даенерис своите змејови ги именувала според мажите кои ги сакала најмногу во нејзиниот живот: Дрогон, Висерион и Регал. Џон во серијата го јаваше Регал, кој името го добил според неговиот татко Рејгар Таргариен.

7. Санса и Серсеи имаат речиси иста круна

8. Пророштвото за Серсеи сепак се оствари

Обожавателите на серијата долго време нагаѓаа за тоа како ќе умре Серсеи, а битна улога во тоа имаше пророштвото кое ѝ кажува дека „малиот брат ќе ги обвие рацете околу нејзиниот врат“ и така ќе ја дочека смртта. Џеими, всушност, е неколку минути помлад од Серсеи, а токму тој ги обвие своите раце околу нејзиниот врат после што таа умира. Исто така, Џеими, во една прилика, му кажува на Брон дека би сакал да умре во рацете на жената која ја сака, што исто така ќе се исполни.

9. Авторите на серијата се појавија во една епизода од последната сезона

Додека се слави победата над Ноќниот крал, Дејвид Бениоф и Ден Вајс се појавуваат во улогите на двајца дивјаци.

10. Бран има нов грб

Иако му припаѓаше на семејството Старк, Бран го користи грбот со троок гавран, што се гледа на оклопот од Бриене во последната епизода.