Револуција на Xiaomi: Претставен првиот флексибилен смартфон со двоен преклоп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинескиот технолошки гигант од светот на мобилната телефонија „Xiaomi“ го лансираше својот прв флексибилен паметен телефон преку видео кое на социјалната платформа Weibo го објави лично претседателот и ко-основач на компанијата, Лин Бин.

Според првиот човек на „Xiaomi“, овој смартфон ќе биде првиот мобилен уред со двојна преклопна технологија. Во „Xiaomi“ успеале да го адаптираат за моделот додатокот MIUI и да создадат еластични екран и тело. Новитетот ги комбинира функциите на таблет и мобилен телефон.

Овој паметен телефон уште не го добил називот, а меѓу можните опции се споменуваат Xiaomi Dual Flex и Xiaomi MIX Flex.