Роналдо ја призна вината – осуден на 23 месеци затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разврска на аферата која го тресеше шпанскиот полуостров во врска со даночното затајување за кое беше обвинет фудбалскиот ас и бивш „мадридски крал“ Кристиано Роналдо.

Роналдо ја призна вината и се согласи на парична казна од 18,8 милиони евра надомест за затајувањето на даночни обврски. Она што не го знаат сите е дека таквата спогодба, однапред договорена, вклучува и издржување на затворска казна од 23 месеци на колку што е осуден Роналдо во рамки на овој судски процес.

Но, „каде се чуло, видело, Роналдо во затвор да лежи“?! Нема шанси. Во Шпанија, ненасилните осуденици обично не служат затвор доколку им е досудена затворска казна под две години.

Ненасилниот престап на Роналдо значи дека тој најверојатно нема да помине време во затвор и казната сосема веројатно ќе биде условна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Кристијано, кој во моментов е играч на Јувентус и играше минатата вечер за клубот од Италија, пристигна во судницата насмеан, држејќи се за рака со сопругата Георгина очигледно во добро расположение.