Самсоненко потврди: Не можам повеќе да финансирам во РК Вардар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На само неколку дена пред одигрувањето на четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите во ракомет со Пик Сегед, сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко со соопштение до јавноста најави дефинитивно заминување од клубот и побара помош од бизнисмените да се зачува црвено-црниот ракометен гигант.

Во соопштението Самсоненко објаснува дека веќе 7 години го раководи и финансира РК Вардар но очигледно финансиските можности се исцрпени и издржувањето на клубот е со кредитно задолжување.

„Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот“, истакна Самсоненко.

„Приходот кој изминативе години ракометниот клуб го има добиено од Европската ракометна федерација и од спонзори не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно. Ова е причината поради која јас од следната сезона нема да бидам во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар“, додаде Самсоненко.

„Во изминатите години РК Вардар како симбол на државата доминира во спортот. Вардар е, и ќе биде национална гордост за секој граѓанин. Вардар стана европски првак во машка конкуренција во ЛШ во 2017 година и на нашата земја ѝ го донесе европското злато“.

„Да не заборавиме дека 6 сезони во ЖРК Вардар донесоа: 6 првенствени титули, 5 купови на РМ, 5 учества во лигата на шампиони од кои три пати Европска бронза и двапати го освоивме второто место.
Шест сезони во РК Вардар донесоа : 4 првенствени титули, 5 купови на РМ, 2 супер купа на РМ, 4 регионални СЕХА титули, едно изгубено полуфинале во лигата на шампионите и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ во 2017 година.“

„Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено Ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на Ракометниот клуб“, повика Самсоненко.

Фото: РК Вардар