Сашо Мијалков на распит во Кривичен за „Трезор“ – СЈО бара мерки на претпазливост


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот шеф на Управата за безбедност и разузнавање, Сашо Мијалков пристигна во Кривичниот суд на распит за случајот Трезор на Специјалното јавно обвинителство. Мијалков во судот влезе од задниот влез на зградата. Околу Кривичниот суд има и силно полициско обезбедување бидејќи во тек е и рочиштето за случајот Диво Насеље.

Една од мерките на претпазливост кои СЈО ги бара за осомничените во случајот Трезор, меѓу кои е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е одземање на пасошите.

Како што неофицијално се дознава од Судот, истите мерки се побарани и за другите двајца обвинети Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ кои исто така треба да се појават на распит во кривичниот суд за овој предмет на СЈО.

За Горан Грујовски, оваа мерка била побарана претходно, но таа е одбиена.

На 7 октомври судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ Финзи ДООЕЛ Скопје, по барање на СЈО за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот Трезор.

Инаку во судот и натаму трае распитот на екс шефот на разузнавањето Мијалков, кој напладне пристигна во придружба на неговиот адвокат Никола Додевски кој воено е бранител и на целото раководство на ВМРО ДПМНЕ. Во судот влезе преку службениот влез.