Advertisements
Спорт

Се е договорено: Гризман има нов клуб!

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман пред неколку недели најави заминување од Атлетико Мадрид, а сега конечно е откриено каде ќе ја продолжи кариерата.

Долго време се шпекулираше дека Гризман кариерата ќе ја продолжи на „Камп Ноу“, но сега е јасно дека нема да го облече дресот на Барселона.

Каталонски „Спорт“ потврди дека Гризман постигнал комплетен договор со ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Париз.

28-годишниот напаѓач ги договорил сите детали со францускиот шампион, кој во наредните денови и официјално ќе ја активира откупната клаузула.

ПСЖ за услугите на Гризман ќе плати 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, а Францизинот во Париз ќе заработува 22 милиони евра по сезона.

Се очекува во наредните денови, после репрезентативните обврски и официјално да биде претставен како нов играч на ПСЖ.

Advertisements

Најпопуларно

To Top