Се е готово: Лукаку пристигна на лекарски прегледи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го продаде Ромелу Лукаку, пишува Спортски.мк.

Белгискиот напаѓач силно посакуваше да ја напушти екипата од Олд Трафорд и да потпише за Интер, а таа желба на крајот му се оствари.

Лукаку синоќа во друштво на агентот Федерико Пасторело пристигна во Милано, а денеска ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Нероаѕурите.

Манчестер Јунајтед ќе инкасира 65 милиони евра од овој трансфер, а може да заработи и дополнителни 10 милиони евра низ одредени бонуси.

Исто така, екипата од Олд Трафорд ќе има и пет проценти од наредниот трансфер на белгискиот напаѓач.

Лукаку заминува од Јунајтед после две ипол години и со учинок од 42 постигнати погодоци во 96 настапи за Црвените ѓаволи.

Извор: Спортски.мк