Спорт

Се откриваат детали: Елмас утре станува најскапиот македонски фудбалер!

Денес се појави вест дека Наполи е пред ангажман на Елиф Елмас, а сега се појавуваат нови детали!

Утрово медиумите во Италија пренесуваа дека Елмас е пред трансфер во Наполи и дека наскоро ќе биде постигнат договор, а веќе сега оваа вест има обновување – Елмас утре станува најскап Македонец!

Скоро сите познати италијански медиуми пренесуваат вест дека се е завршено и дека Елмас утре ќе пристигне на потпишувањето на договорот.

Според информациите трансферот ќе изнесува 15 милиони евра плус бонуси со што поранешниот фудбалер на Работнички ќе стане најскапиот Македонец во историјата.

Фенербахче го купи Елмас од Работнички за 180.000 евра која „Романтичарите“ ја добија како тренинг компезација, а со одличните настапи во турскиот клуб го привлече вниманието на многу европски клубови, а на крајот Наполи победил во трката.

Официјалната потврда се очекува во секој момент, барем така тврдат Италијанците.

Advertisements
To Top