Се појавија нови шокантни информации за пилотот на авионот на Емилијано Сала


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поминаа веќе два месеци од трагичниот пад на авионот во кој животот го загуби аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.

Авионот на Сала исчезна кога тој се враќаше кон Кардиф откако претходно опатува во Нант да се поздрави со соиграчите. После потрагата која траеше неколку дена остатоците на авионот беа пронајдени на морското дно, а во нив беше и безживотното тело на фудбалерот.

Со тој авион управуваше пилотот Дејв Иботсон кој се уште се води за исчезнат. Меѓутоа во медиумите и два месеци по несреќата не престануваат да излегуваат детали за пилотот.

Прво се појави информацијата дека немал дозвола за комерцијални летови, потоа дека знаел за проблемите со авионот, менувањето на пилотот во последен момент…Сега се појавуваат нови.

Имено, медиумите открија дека тој бил далтонист и не смеел да лета навечер. Сепак и покрај таквата забрана која ја имал тој се одлучил да тргне на кобниот лет од Франција преку Англија и тоа во услови во какви што не смеел да лета со таков авион.

Се открива и зошто пилотот се одлучил на ваков голем ризик. Иботсон бил во големи долгови и летот кој му бил понуден го гледал како шанса барем малку да излезе од истите.

Наскоро се очекува британската агенција за цивилно воздухоплоство да излезе со целосен извештај за овој случај.