Села му откажува љубов на Заев: „Веќе немам причина да го поддржам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На прашање за негова политичка поддршка на премиерот Зоран Заев, Зијадин Села вели: „Јас веќе не гледам причина зошто би го поддржува Зоран Заев. За уставните измени гласав поради иднината на децата“.

Ова, како што посочува Села, се случува поради здружувањето на Заев со ДУИ и откако двапати и ги одземаа ингеренциите на општина Гостивар во образованието .

„На прашањето зошто треба пак да го поддржам Заев јас немам одговор.Затоа што го направив премиер“ ? -прашал Села.

Во однос на претседателскиот кандидат Села заедно со Касами му даде поддршка на Блерим Река.

И двајцата лидери тврдат дека Река е совршена симболика за консензуален кандидат кој се бара со месеци.

Неодамна Села го обвини Талат Џафери дека е добар актер и потенцираше дека спикерот не заслужува да биде на чело на Парламентот додека пак потенцираше и дека „ДУИ е врската помеѓу новиот и сариот режим, бидејќи многу се инволвирани во корупција и криминал и затоа го штитат Вељановски“.