Шета низ озрачената зона во Чернобил и јаде локално озрачено овошје (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Млада девојка чие име и презиме не се познати, на YouTube некое време објавува снимки од чернобилската зона. Bionerd23 корисничката снима интересни содржини шетајќи се низ забранетата озрачена зона во Чернобил и Припјат, јадејќи храна за која вели дека уште е радиокативна.

Таа ги снима сите интересни и интригантни случки што ги доживува низ чернобилската зона, притоа шетајќи се таму без никаква заштита.

Интересно е да се следи како таа ги истражува внатрешните територии, јаде локално овошје, лови риба. Во некои од нејзините авантури може да се види како ја брка радиоактивна лисица.

Нејзиниот канал е прилично популарен меѓу интернет публиката импресионирана и опседната со нуклеарната катастрофа во Чернобил. Bionerd23 своите видеа ги снима веќе седум години. Последното видео го има објавено пред нешто повеќе од една година, но нејзиниот канал повторно стана популарен во последно време поради мегапопуларната мини-серија „Чернобил“ која направи вистински бум во светот.