Што им испрати Илон Маск на космонаутите во Меѓународната вселенска станица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Русите космонаути намирисале зголемено присуство на алкохол во Меѓународната вселенска стануица, па за тоа се пожалиле во НАСА.

Леталото за снабдување на Меѓународната вселенска станица ,, Space X Crew Dragon” очигледно доставила и недозволени средства и тоа при својата прва достава.

Инцидентот се случил во март, при слетувањето на леталото за знабдување, а вчера за руските медиуми го објасни шефот на Центарот за обука на космонаути, Павел Власов. Бидејќи му бил прв лет, леталото за снабдување немало екипаж, туку само кукла направена како пилот на вселенско летало.

На трети март рускиот екипаж во Меѓународната вселенска станица забележал силен мирис на алкохол , а потоа измериле околу 6 милиграми алкохол во кубен метар воздух, иако до доаѓањето на ,,Змејот” имало само дел од милиграм алкохол.

Со системите за пречистување на воздухот космонаутите успеале нивото да го намалат на 2 милиграма.

Веднаш потоа се пожалиле во НАСА, од каде добиле одговор дека инцидентот е „интересен“, но не и опасен за станицата и останатиот екипаж.

Во истрагата е вклучена и компанијата Space X на милијардерот Илон Маск ,чие летало ја изврши доставата на потребна храна и други предмети.