Advertisements
Нобел

Швајцарско компјутерско глувче кое ја гази својата конкуренција

Кога го здогледа светлото на денот, никој не му предвидуваше блескава иднина. Чуден изглед, необични физички карактеристики, во секоја смисла необично и посебно.

Но, веќе после првата средба со ова компјутерско глувче, никој не остануваше рамнодушен. За некое беше само нешто на кое човек треба да се навикне. Но, други во него си најдоа партнер за цел живот.

А во што е толку посебно ова швајцарско глувче? Logitech, со години истражува и донесува решенија кои на корисниците им овозможуваат најголема ефикасност и ергономија со врвни карактеристики. MX Ergo, за разлика од стандардните глувчиња со сензори за следење, донесува ергономско решение во форма на топче.

Во зависност од афинитетите, корисникот сам може да избере под кој агол ќе ја позиционира дланката на глувчето – од 0 до 20 степени закосување. Сето тоа е направено со доста добра причина – што поудобно и попријатно чувство додека го користите глувчето.

Освен што помалку ќе се заморувате при подолга работа, за 20% ќе ја намалите и активноста на мускулите. А истовремено, ќе можете да се фалите со неговиот сензационален изглед. Потврда за тоа е и наградата која ја доби ова глувче во 2018, „Good Design“, една од најстарите награди за уникатност во дизајнот на глобално ниво.

Advertisements

Најпопуларно

To Top