Славни

Шведскиот крал пресече: Пет принцови и принцези остануваат без пари од данокот

Шведскиот крал Карл Густаф го намали бројот на членови на кралското семејство кои ќе земаат пари од државните средства добиени од даночните обврзници со одлука со која го укинува статусот на кралски височества за петмина свои внуци.

Кралските вници ќе ги задржат титулите принцови или принцези, односно војводи или војвотки, но нема да извршуваат кралски должности.

Одлуката значи дека внуците на Карл Густаф на возраст од една до пет години нема веќе да примаат годишен „џепарлак“, т.е. апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од даночните средства.

Оваа одлука не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, принцезата Естела и нејзиниот помал брат Оскар.

Шведската кралска палата објави дека децата од принцезата Мадлен (37) и нејзиниот сопруг Крис О’Нил, како и децата на принцот Карл Филип (40) и принцезата Софија, нема да можат да ги извршуваат кралските должности. Станува збор за принцезата Леонора (5), принцот Николас (4) и принцезата Адриен (1), како и принцот Александар (3) и принцот Габриел (2).

Родителите на петте деца кои се исклучени од кралските должности, споменатите принц Карл Филип и сопругата Софија, како и принцезата Мадлен и сопругот О’Нил, на социјалните мрежи ја поздравија оваа кралска одлука.

Мадлен на Инстаграм напиша дека ваквата промена „на децата им пружа можност сопствените животи да си ги дефинираат и обликуваат како приватни лица“. Нејзиниот брат, принцот Карл Филип, на истата социјална платформа напиша дека неговите деца сега имаат можност за „послободни избори во животот“.

Мадлен моментално живее во Мајами и работи за Светската организација за зачувување на детството која ја основаше нејзината мајка, кралицата Силвија, а принцот Карл Филип и принцезата Софија ќе продолжат со работа во нивната хуманитарна организација.

Шведското кралско семејство во 1980 година беше првото кое го измени правилото за наследство на круната според кое наследник на тронот е првороденото дете, без разлика на полот.

Advertisements
To Top