Си го отсече прстот бидејќи по грешка гласал за погрешна партија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паван Кумар од Индија си отсече еден од своите прсти откако сфатил дека се збунил и гласал за погрешната партија на општите избори во Индија.

Кумар изјавил дека по грешка гласал за владејачката партија Баратија Џаната. Тој и го снимил бизарниот чин, а видеото го објавил на интернет, каде за брзо време стана вирално споделувано. Сакал да гласа за регионалната партија, но збунет од симболите на машината за гласање, гласал за погрешната партија.

Кумар гласал во Буландшахр, во северната држава Утар Прадеш, во рамки на вториот круг од гласањето на општите индиски избори.

„Сакав да гласам за слонот, а по грешка гласав за цветот“, објаснува Паван на видеото, мислејќи на партиските симболи кои се наоѓале на листите.

Симбол на партијата Баратија Џаната е цветот лотос, а слонот е симбол на партијата Бахуџан Самаџ. Партиските симболи играат голема улога на изборите во Индија, бидејќи на тој начин гласачите од земјите во кои неписменоста е на високо ниво полесно ги разликуваат партиите.

Резултатите од изборите ќе бидат објавени на 23 мај. Право на глас имаа 900 милиони гласачи, поради што овие избори се најмасовни досега.