Синовите од Трамп на пијанка во ирски паб (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доналд Јуниор и Ерик Трамп, синов на американскиот претседател Доналд Трамп, се забавуваа во еден селски паб во Ирска пиејќи пиво Гинис, за време на „државничко-приватната“ посета на првиот човек на САД на оваа земја.

Претседателот и неговото семејство престојуваат во округот Клер, на неговото голф-одморалиште Доонбег, во кој се вработени стотици локални жители.

Доналд Јуниор и Ерик Трамп купија пијалаци за локалното население, и му се заблагодарија на малото село за неговата „неверојатна” поддршка. Трамп остана во одморалиштето за голф и не им се придружи на пијанката на синовите во локалниот паб.

Додека шеташе по главната улица Доонбег, Доналд Јуниор (41), за ирскиот весник Тајмс изјави дека Ирска „е неверојатна од првиот ден”. Британските медиуми, меѓутиоа, се прашуваат зошто америоканскиот претседател, кој е во официјална посета на Ирска , со парите на американските даночни обврзници си ги посетува сопствените компании и одморалишта.