Advertisements
Актуелно

Скопскиот огранок на СДСМ бара „метла“ за Тевдовски и Анѓушев во пакет?

Локалниот скопски партиски огранок на моментално владејачката СДСМ одлучно бара од премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев, да ги смени од раководните министерски функции министрите Драган Тевдовски и Кочо Анѓушев, пренесува ТВ21.

Од скопскиот огранок бараат или ниту еден од нив да не биде сменет од министерската функција, или и двајцата да ги напуштат министерските фотелји.

Од друга страна, ТВ21 пренесува дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.

Во последно време мошне тешко е да излезат детали за најавената владина реконструкција која треба да биде дефинирана до крајот на јуни, а вп моментов и фокусот е насочен кон добивање на Датум за преговори од страна на Европската унија. Но сепак, дококу дојде до промена на Тевдовски, тогаш прв пик да дојде на таа позиција е Сања Лукаревска, актуелната директорка на Управата за јавни приходи, инаку инстанца која е под надлежност на Министерството за финансии.

Извори коментираат дека Лукаревска ја има поддршката и на бизнис заедницата поради коректниот пристап и доброто партнерство со бизнисите. Дополнително, нејзиниот избор оди во прилог на родовиот баланс кој наводно сака да го направи премиерот на раководните ресорни функции во Владата.

Advertisements

Најпопуларно

To Top