Снег на Маврово, Попова Шапка и Стража


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Слаб снег претпладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. – велат од јавното претпријатие.