Снимка од спасувањето на македонските ски туристи во Бугарија (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со успешна и навремена интервенција од страна на спасувачките планински служби во Бугарија, на планината Пирин беа спасени петте македонски сноубордери кои паднале во провалија откако при бордањето излегле надвор од утврдените и пропишани безбедни места за скијање.

Како што се додава, акцијата завршила синоќа околу 21 часот а во неа учествувале десет планински спасувачи. Сите пет македонски граѓани, етнички Албанци, се во добра здравствена состојба.

Сигналот за инцидентот бил пријавен во Горната служба за спасување во Банско во 18 часот.

Операцијата за спасување се одвивала под многу тешки услови. Со помош на јажиња, сноубордерите биле извлечени од бездната. До 21 часот тие веќе беа повлечени на безбедно место.

Видеото од спасувачката акција можете да го погледнете ТУКА.