Актуелно

Со законски измени ќе се регулира користењето електрични тротинети

На последната владина седница, со измени во законите од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Законот за прекршоци, Владата ја усвои одлуката да се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Целта на овие измени ќе бидат заштитата на оние кои управуваат со тротинетите, но и заштита на граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата.

Со овој закон во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните. Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

-Казните ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагритипки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни. Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата.

Advertisements
To Top