Спектакуларна промоција на новиот модел Tesla Y


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот модел на Tesla, моделот Tesla Y кој претставува електричен „кросовер“, доживеа спектакуларна футуристичка промоција во Лос Анџелес.

Станува збор за кросовер, за кој се очекува дека ќе го надмине моделот 3 на Tesla според продажбата. Цената на новиот Tesla Y ќе се движи меѓу 30.000 и 50 000 долари. Y на пазарот доаѓа следната година, заедно со ексклузивниот модел Roadster и моделот Semi.

Ќе се нуди во 4 изведби со стартна цена од 39.000 долари. Но, за неа ќе се почека до пролетта 2021, бидејќи Tesla прво ќе ги понуди скапите изведби и тоа од есента 2020.

Најефтина од нив е Long Range изведбата со досег од 482 километри , забрзување од 0- 96 км/час за 5,5 секунди и максимална брзина од 209 км/час. Ќе се продава по цена од 47.000 долари.