Музика

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Ана Костовска – „Анушка“, ви текнува на овој југовизиски хит?

На музика од Григор Копров, текст од Ромео Грил, „Анушка“ е песна која Ана Костовска ја изведе на некогаш мегапопуларниот музички настап во рамки на бивша Југославија, „Југовизија“, со која забележа солиден успех на музичкиот натпревар.

„Анушка“ беше една од двете македонски песни кои се пласираа во финалето на југословенскиот избор за Евросонг во 1987 година, кој се одржа во Сава Центар во Белград. Песната заврши на високата петта позиција во конкуренција од 24 композиции.

Песната „Анушка“ првично беше во конкуренција за Југовизија во 1986 година, но беше одбиена од РТВ Скопје. Тогаш требаше да ја изведува Калиопи. Копров повторно конкурираше со истата песна следната година, кога ја даде на Ана Костовска.

Advertisements
To Top