Advertisements
Музика

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Тони Зен – „СУМ“

Најнов спот на Тони Зен во соработка со Melem Production за песната „СУМ“ која е поместена на новиот албум од раперот наслоен „Од изворот на изборот“.

Нема никогаш емсињата да стивнат, не престанав да играм

јас штитам рап, нешто као Gore Tex и Vibram

Сум прибран, сум инат, не дигнат

сум кројачот на својата судбина

Па зборовите ги вадам и ставам на куп

па ги оставам да возат на грув

Ја така чув за звук, што прави круг во клуб

на луп сум ја смут и покрај шунд и блут

Сум бил продаден, сум бил незадоволен

и ја се крпам од данок сум неослободен

ќе има мали, додека постои поголем

богот е во мене, не ми е во храмот соборен

Ја сум во сегата сега, без наслов, со повод

не сум заробен пошто го пробив и кодот

ЈАС СУМ ЈАС сине, јас сум подот и плафонот

сум и грамофонот, брејкот, спрејот, микрофонот

 

И кога ритамот те движи, јас тој сум

И кога ритамот те движи, јас тој сум

И кога ритамот те движи, јас тој сум

Рап и Фанк и Џез и Блуз, овој сум

 

Јас сум постојано низ ритам, во ритам

Јас сум постојано низ ритам, со ритам

Јас сум постојано низ ритам, во ритам

Јас сум постојано низ ритам, сум ја ритам

 

Сум на татко ми семе, а на мајка ми сум дете

сум од изворот на изборот, низ времето сум ветер

На вистината ред е, нека се шири низ етер

сум галама и тишина, комбинација од двете

Сум, трансови, скази, по пудрата вон стази

летање по кулоари, со другари камикази

Пази ваму, ја знаеш доаѓам од таму

каде што се прави ајвар и ракија и се глуми гламур

Сум дромец, сум другарот Македонец

сум тука, дворски шут у мојот дворец

сум флека, цела екипа сосе тонец

сум Скопје, и секоја улица од овде

Сум нова школа, стар аспект, стара школа, нов респект

сега знам кој сум јас, во полн ефект

Сеуште со микрофонот во рака

сум последниот ден од генерацијата петокрака

 

И кога ритамот те движи, јас тој сум

И кога ритамот те движи, јас тој сум

И кога ритамот те движи, јас тој сум

Рап и Фанк и Џез и Блуз, овој сум

 

Јас сум постојано низ ритам, во ритам

Јас сум постојано низ ритам, со ритам

Јас сум постојано низ ритам, во ритам

Јас сум постојано низ ритам, сум ја ритам

Advertisements

Најпопуларно

To Top