СПЦ бара да се обнови дијалогот со МПЦ-ОА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синодот на Српската православна црква донел одлука за обновување на преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква и продолжување разговорите за тоа со нејзини претставници, пренесуваат српските медиуми.

Српската црква планира да ја превенира одлуката на Вселенската патријаршија која деновиве почна да одлучува за статусот на Македонската православна црква и со најавата за преговори сакаат да ги одземат аргументите на Вселенската патријаршија за да може да се меша околу автокефалноста на нашата црква, вели за Канал 5 новинарот Бранко Ѓоргевски.

Неделава вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква.

Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштија детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање.do