Срамен пораз и разочарување: Македонија прегазена од Австрија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов, овоја пат далеку поубедлив и срамен, пораз во дуелот со Австрија во рамки на квалификациите за Европското првенство на кој бевме прегазени со 1:4.

Македонските фудбалери беа апсолутно надиграни и понижени на терен од расположените Австријци кои, слободно може да се каже, и покрај убедливата победа со 1:4, не го наполнија до максимум голот на нашата репрезентација, со оглед дека одличниот Димитриевски им одбрани неколку стопостотни шанси за погодок кои ако беа голови поразот ќе беше уште поубедлив.

Очигледно нашето водство на натпреварот беше само чиста случајност, бидејќи збраниците на Игор Ангеловски воопшто немаа игра со која ќе беа во можност да го бранат или зголемат истото.

Во 18. минута, на центаршут од Алиоски, Хинтергер сакајќи да врати на својот голман си постигна автогол за наше водство од 1-0.

Во 39. минута израмнување на резултатот, Лаимер упати долг пас од далеку до Лазаро кој беше побрз од нашата одбрана, шутираше постигна гол за 1-1.

Во 60. минута Бејтулаи направи наивен прекршок за пенал, сигурен реализатор од белата точка беше Арнаутовиќ за комплетен пресврт и водство на Австрија од 2-1.

На десет минути пред крајот Арнатуровиќ погоди со глава и ги реши сите дилеми околу победникот, Австрија поведе со 3-1. На пет минути до крајот Лаимер даде гол за конечна победа од 4-1.