Среќа во животот на момчето кое беше принудено да учи под улични светилки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако светот беше потресен и трогнат од тажната судбина на 11-годишниот Перуанец Виктор Мартин Ангуло Кордоба, кој поради неплатени сметки за струја и немање средства на неговите родители да ги подмират тие долгови во домот, беше принуден да учи и пишува домашни навечер под улично осветлување, на улица, во нивниот живот пристигна знак на светлина и среќа.

Приказната за малото момче од Перу која ја пренесоа сите светски медиуми, допре и до 31-годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин, Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак, пак, наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.