Српска работа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Љубиша, Србин со швајцарска адреса, со начинот на кој збираше бадникови граничиња за православниот Бадник, стана вирален хит на социјалните мрежи.

Видел човекот дека комшиите, католици по вероисповед, отишле во шумата да збираат елкини граничиња за нивниот католички Божиќ, па решил и тој да го испочитува верскиот адет за православен Бадник. Го „запалил“ својот Ферари и заминал право в шума да ја наполни својата луксузна машина со гранки од даб.

„Видов како тие ставаат елки во своите автомобили, па и јас решив по бадниково дрво да отидам со Ферари“, вели Љубиша.

Неговите соседи биле зачудени, се додека Љубиша, по потекјло од Прокупље не им објаснил дека во православниот свет бадниковото дрво е исто што и елката за католиците.