Стефанова: „Сам си го упропастуваш животот“, Јанакиески: „Ова не е живот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновото судско рочиште закажано за денес за случајот „Траекторија“ под ингеренции на СЈО повторно се одложи поради отсуство на повиканиот вештак кој требаше стручно да се изјасни за направеното вештачење во предметот.

Судскиот совет одлучи следното рочиште да се одржи по летните одмори, на 3 септември.

На крајот од денешното рочиште обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му рече „Сам си го уништуваш животот“, на што тој одговори „Ова не е живот”.

Во „Траекторија“ им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинителниот акт тие во 2012 и 2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.