Стравична сообраќајка: Корса исфрли цистерна од патот – загина возачот на камионот (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчера, во попладневните часови, во Словенија се случи стравична сообраќајка во која Опел Корса, после ударот во една цистерна, успеа да ја исфрли цистерната од патот која се преврте и падна од надвозникот. При оваа стравична несреќа загина 53-годишниот унгарски возач на камионот со цистерна.

Камионот по ударот од „Корсата” ја проби заштитната ограда и падна од висина од 20 метри на патот што поминува под автопатот. Несреќата се случила пред тунелот Головец на обиколницата кон Љубљана.

Четириесет и едногодишниот Словенец, кој се судри со камионот поради неприлагодена брзина, поминал без повреди.