Advertisements
Актуелно

Сведоштво на очевидец на несреќата кој лично вадел тела од загинати патници

Македонија прогласи дводневна национална жалост поради сообраќајната трагедија која вчера се случи на патниот правец Скопје-Тетово, на кој од патот излета патнички автобус кој сообраќал на линија Скопје-Гостивар.

Твитерџија, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица, а неколкумина се уште се борат за живот.

„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек…“, пишува твитерџијата.

Advertisements
To Top