СЗО одлучи: Зависноста од игри е ментално нарушување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зависноста од претераното играње компјутерски, онлајн и други видео игри на познатите „гејмерски“ конзоли, популарно познато како „гејмерство“, според најновата одлука на Светската здравствена организација е прогласено за ментално нарушување.

„Gaming disorder“, како што го нарекуваат, е сместено во Меѓународната статистичка класификација на болести и поврзани здравствени проблеми (ИЦД-11), каде што спаѓа и зависноста од коцкање. Одлуката за класификација е донесена во рамките на ревизијата на меѓународните класификации на болести, која стапува во сила на 1 јануари 2022 година.

Од СЗО ја опишуваат зависноста од играње како ослабена контрола над играњето игри, со сè поголем приоритет што им се дава на игрите пред другите интереси и дневни активности и продолжувањето на играњето и продолжување или ескалации на играњето покрај појавата на негативни последици. Интересно е тоа што зависноста од игрите се опишува на речиси идентичен начин како што се опишува и зависноста од игри на среќа.

Здружението „Ентертејнмент софтвер асосиејшн“ (ЕСА), кое ја претставува американската индустрија на игри, не се согласува со одлуката на СЗО. Тоа на својата страница ја критикува одлуката на СЗО и повика на промена на мислењето.

„Зависноста од играње не се темели на доволно сигурни и точни факти и докази според кои СЗО можела да донесе толку важна и голема одлука“ – истакнуваат оттаму.

Меѓутоа, од СЗО во класификацијата наведуваат дека согледале голема количина достапни докази и дека соработувале со експерти од разни дисциплини и од разни географски региони. Исто така, тие истакнуваат дека оваа зависност опфаќа само мал дел луѓе што општо играат игри.