Тажно и потресно: Први фотографии од внатрешноста на опожарената црква Нотр Дам


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фоторепортерот Филипе Војазер влезе во внатрешноста од опожарената култна париска црква Нотр Дам и ги направи првите фотографии од ентериерот после стравичниот пожар кој го зафати покривот од катедралата. Сцените се трогателни и тажни.

Пожарот кој го зафати покривот од најпознатата париска катедрала започна во понеделникот, на градежните скелиња кои беа подигнати заради реставрација на неколку века старата црква, која со години беше во очајна состојба. Причината за пожарот засега е уште непозната, но француските надлежни органи веќе започнаа, како што известуваат, криминална истрага.

Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.

За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.