Технолошки експерт апелира: Бришете го Internet Explorer – штетен е и без да го користите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе со години Internet Explorer го бие лош глас, а дури и Microsoft практично крена раце од него, бидејќи го користат многу малку луѓе.

А технолошкиот експерт Џон Пејџ откри и безбедносни пропусти во управувањето на пребарувачот на MHT датотеката, архивски датотекa на веб страниците, кој на хакерите им овозможува да ги шпионираат корисниците на Windows, но и да ги крадат нивните податоци.

Со оглед на фактот дека Windows МНТ датотеките ги отвора кон зададени поставки преку Internet Explorer, дури не морате ни да го активирате пребарувачот за да имате проблеми – сè што треба да направите е да отворите прикачување (attachment) добиено на електронска пошта или на разговорник (chat), пишува endgadget.com.

Тоа немаше да биде проблем ако не дојдеше до откривање на грешката. Имено, Пејџ за откриениот безбедносен пропуст ги известил во Microsoft, од каде одбиле веднаш да го решат проблемот и да известат за истиот. Наместо тоа, тие му одговориле дека ќе го разгледаат проблемот и ќе го имаат во предвид за идните верзии.

Иако тоа сугерира дека решението е на пат, пропустот ги остава милиони корисници потенцијално ранливи и изложени на можни злоупотреби, освен ако не го исклучат Internet Explorer (не може целосно да се избрише) или во зададените поставки не означат друга апликација за отворање на МНТ датотеката.