Теона Стругар се закити со „Златна арена“ за најдобра режија за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Режисерката Теона Стругар Митевска ја освои престижната „Златна арена“ за најдобра режија на филмскиот фестивал во Пула.

Теона Стругар Митевска доби Златна арена за најдобар режисер за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“. Како што е наведено во соопштението, одлуката за доделување на оваа награда на Теона била донесена едногласно.

„Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, карактерите, настаните и општествените околности во филмот“ – се наведува во официјалното соопштение од фестивалот.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а филмот „Петрунија“ во јули ќе учествува на девет фестивали низ целиот свет.
По Пула, „Петрунија“ го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.