Тевдовски порачува: Општините нека го зголемат данокот на имот, а не да бараат повеќе пари од Владата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Министерот за финансии, Драган Тевдовски, општините можат да ги зголемат приходите доколку го зголемат данокот на имот на граѓаните.

„Иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 до 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто“, рече Драган Тевдовски одговарајќи на прашање на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.

„Општините да размислуваат за подобрување на приходните страни и планирањето на трошоците, а не да бараат повеќе пари од Владата“ додаде Тевдоски на дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

„Ако испланирале 100 буџетски единици приход тие реализирале односно направиле приход од 50 или 60 единици, а потрошиле 100 буџетски единици. Исто така, иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 од 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто,“ изјави Тевдоски на дебатата. Министерот на новинарско прашање околу тековното помагање на општините со пари од државниот буџет рече дека локалните самоуправиле добро реагирале и се надминуваат состојбите.