Трејлер за анимираниот филм со легендарните Штрумфови пристигнува во април 2017


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Smurfs: The Lost Village е најавениот анимиран хит од режисерот Кели Асбери, кој се базира на белгискиот стрип серијал од ’80-те години на минатиот век, The Smurfs (кај нас познати како Штрумфовите).

Гласовите за едни од најпознатите и најомилени цртани ликови ги позајмија Деми Ловато како Штрумфета, Џек МекБрајер како Трапавко, Менди Патинкин како Веле Штрумф, Рејн Вилсон како Гаргамел и други.

Дејството на анимираниот филм ќе ја следи Штрумфета која ја бара смислата на својот живот на село како единствена девојка во истото, а кога ќе го сретне чудовиштето во Маѓепсаната шума ќе ја доживее авантурата на својот живот.

Анимираниот филм во американските кино сали пристигнува во април, 2017 година.