Три ѕвезди го напуштаат Челзи во јануари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека во зимскиот преоден рок би можело да се случат големи промени во Челзи и дека три ѕвезди се на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.

Имено, станува збор за Алваро Мората, Давид Луиз и Мозес кои би можеле да ја променат средината уште во јануари.

Мората разочара и оваа сезона, па клубот е веќе во потрага по нов напаѓач. Тоа значи дека додатно ќе се намали минутажата на Шпанецот кој веќе побарал трансфер од раководството.

Што се однесува до Давид Луиз, неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Меѓутоа, политиката на клубот е да им нуди само едногодишни договори на играчите над 30 години, па Бразилецот веќе донел одлука да ја промени средината.

Покрај овие двајца, на листата се наоѓа и Виктор Мозес кој оваа сезона воопшто не добива шанса кај Маурицио Сари.

Англиските медиуми пренесуваат дека Фулам е сериозно заинтересиран за играчот и дека трансферот е многу веројатен уште во јануари.