Трипл-дабл битка меѓу Леброн и Дончиќ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и асот на Далас, Лука Дончиќ ја одбележаа средбата помеѓу двете екипи кои ја заврши во корист на „езерџиите“ со 119-100 после дополнителни пет минути.

Мечот ќе биде запаметен по големата битка помеѓу Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, двајцата забележаа трипл-дабл учинок и испишаа историја. Младата ѕвезда на Далас натпреварот го заврши со 31 поен, 15 асистенции и 13 скокови, додека првиот играч ЛА Лејкерс забележа 39 поени, 16 асистенции и 12 скокови.

Гостите беа на прагот на пораз, но Дени Грин погоди тројка во последните секунди од мечот и се избори за продолженија. Во додатните пет минути, „езерџиите“ доминираа и на крајот славеа со 110-119.

Резултати:
Бруклин – Хјустон 123:116
Индијана – Кливленд 102:95
Орландо – Милвоки 91:123
Бостон – Њујорк 104:102
Чикаго – Детроит 112:106
Далас – ЛА Лејкерс 110:119
Сакраменто – Јута 102:101
Голден Стејт – Сан Антонио 110:127